При претресот во домовите на припадниците на Балканскиот картел пронајдени се две снајперски пушки, три автоматски пушки, еден автоматски пиштол, четири пиштоли, една бомба, четири супресори, 24 капсули детонатор..

Српската полиција уапси 13 лица кои се дел од балканскиот картел – најголемата организирана криминална група во Европа која шверцувала кокаин од јужноамериканските земји, а при претрес на станови и други простории е пронајдено големо количество оружје и 2,7 милиони евра спакувани во буриња.

Запленети се поголеми суми пари во девизи, а пронајдени се и скапи часовници. Уапсените се пронајдени во луксузни куќи и станови, кои поседуваат и приватна теретана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.