Во водите на Сава во Загреб вчера попладне беше пронајдено тело на жена, по што веднаш се појавија сомнежите дека можеби се работи за Маријана Зајферт која исчезна во април годинава.

Таткото на исчезнатата Маријана се огласи и рече дека семејството само сака да заврши агонијата. Телото е во Институтот за судска медицина каде се утврдува идентитетот.

Таткото на Маријана, Иво Ковачевиќ, изјави дека од полицијата му кажале дека се чекаат резултатите. случајот и дека му рекле дека се чекаат резултатите.

Ми рекоа дека најверојатно не е таа. Се работи за 45-годишна жена, а телото е во вода околу еден месец. Не знам дали е олеснување или не, изјавил таткото на исчезнатата Маријана.

Маријана Зајферт, победничка на регионалниот Голем брат, исчезна на 27 април годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.