Некоја зла крв има влезено во семејството Вукотиќ.Пред Јован, во 2019 година во населбата Доброта во Котор беше ликвидиран неговиот татко Веселин Веско Вукотиќ (69).
Се верува дека е убиен од одмазда бидејќи Јован и Игор Вукотиќ биле етикетирани како водачи на криминална група. Непознат напаѓач со капа на главата му пришол на Вукотиќ пред семејните станови во Доброта и испукал неколку куршуми кон него, по што побегнал.
На местото на настанот имало повеќе видео камери, а една од нив го снимила непосредниот сторител на делото како седи на ѕид и чека. Тој чекал долго, а кога таткото на Јован дошол да му го паркира автомобилот, му пришол и пукал во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.