Во екот на најголемите летни горештини, утрово Војводина беше погодена од страшно невреме пропратено со град. Обилни врнежи, град со големина на орев, грмежи и бурни ветрови го зафатиле северниот дел на Бачка и Банат, а според најавите невремето од севрениот дел попладнево се приближува кон Белград.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) издаде итно предупредување за врнежи со грмежи во наредните часови на територијата на северот од Бачка и Банат.
Исто така, силно невреме го зафати Врбас, како што претходно беше најавено, невремето се движи кон Белград.
На профилот на Инстаграм се објавени морничави сцени од невреме во Врбас, Крушчиќ, Деспотово, Змајево, Српски Милетиќ, Кула и околината. Невремето предизвикало вистински пустош, оштетени се возила, искршени ролетни и изрешетени фасади на куќи.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.