Во строгиот центар на Загреб се собра група мажи кои дојдоа со бројаници и огромни слики на Богородица. Наредени еден до друг клекнаа на плоштадот и почнаа да се молат. Еден од водачите на молитвата беше Џон Батарело, шеф на ултраконзервативното здружение Вигиларе, објави хрватски Телеграм.
Во еден момент собраните ја испеале песната „Кралица на небото, кралица на Хрватите“. Насобраните мажи се молеле за повеќе работи, меѓу кои:
Татковина, мир и преобраќање на хрватскиот народ, за мажите – да станат духовни авторитети во семејството кои храбро ќе сведочат и ќе ја пренесат католичката вера.
Потоа за „престанок на предбрачните односи, за чистота во облекувањето и однесувањето и за обновување на католичките бракови“, како и за „крај на абортусите“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.