Никола Спасојевиќ, до неодамна член на организираната криминална група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кој реши да ги открие тајните на кланот на обвинителството во замена за полесна казна стравува за својот живот.
Спасојевиќ беше еден од првите членови на кланот кој реши да склучи спогодба за признавање вина и да открие детали за тоа како групата дејствувала и како ги извршувале нивните злосторства.
Покрај убиствата кои се вклучени во обвинението, тој зборуваше и за злосторствата за кои ја обвинува криминалната група, како што е убиството на Вастимир Милошевиќ на трамвајските шини во Белград. Спасојевиќ тврди дека Марко Миљковиќ го испратил кај Милошевиќ со овошје кога бил болен, за што побрзо да оздрави, за да излезе надвор и што побргу да биде убиен.
Тој истакна и дека Беливук и Миљковиќ го принудиле да оди да и изрази сочувство на сопругата на Милошевиќ за да не биде сомнителен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.