Звонко Стевиќ, пратеник на српските социјалисти си поднесе оставка во српскиот парламент. Тој пред неколку дена, за време на бучната и насилна дискусија за Косово во собранието беше фатен како на неговиот мобилен телефон гледа порно-клип. Неговата оставка денеска доаѓа во исто време со оставката на потпретседателката на собранието. Според некои мислења, оставките се дел од распаѓањето на коалицијата на социјалистите со владеачката СНС.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е разочаран од социјалистите кои „сакале да им угодат на сите“. Тој вели дека е подготвен да оди на избори како кандидат за премиер и дека нема да подлегне под притисокот на Западот, ниту пак од опозициската СПС, која според него е составена од „лажни десничари“.

Вучиќ на својот Инстаграм профил објави порака во која рече „Заемно признавање? Можете да сонувате“. Меѓутоа, остануваат и неговите зборови од претходно, кога тој изјави дека е спремен за компромис со Косово во однос на германско-францускиот предлог – изјава која направи хаос во српското собрание.

Некои од српските медиуми објавија дека „Вучиќ оди на избори затоа што знае дека референдум за Косово не би поминал“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.