На Балканот со години, па и децении, се зборува за привлечноста за работа во Германија, за предностите и недостатоците, за заработката и условите за работа. Најчесто, кога се отвора таа тема, одењето во оваа земја се смета како „бегство кон подобар живот“, но дали е тоа баш така?

Српски гастербајтер, кој со години живее и работи во Германија, за „Еспресо.рс“ раскажува како всушност изгледаат реалноста и саатницата кога си вработен во германска фабрика.

Кога имав неполни 20 години отидов кај моите родители во Германија. Според тогашниот закон, бев малолетен и дома требаше да служам војска. Откако наполнив 21 година, за неколку месеци ги средв сите документи и најдов работа.

 

Најпрво ми беше тешко да станувам во 04.30 часот, но се навикнав.

 

Се работи од 06 часот.

 

Ако пристигнеш во 05.50 – веќе е доцна – немаш време за ништо како пресоблекување, кафе итн.

 

Во 06.01 машината зуе како да е 10.00 часот.

 

08.55 – 09.00 се мијат рацете.

 

09.00 – 09.10 појадок.

 

Времето за појадок е на товар на работодавачот.

 

11,55 се мијат раце.

 

12.00 – 12.30 – ручек (тие половина часа ги одработуваме).

 

За време на работа, понекогаш немаш време и да пиеш вода. Ако ти сакаш да одиш во тоалет, го викате бригадирот да ве замени (не е ограничено колку пати).

 

Кој не сака да се навикне на ваква и слична дисциплина нека остане дома. Условите за работа се екстра, иста температура во лето и зима. Се плаќа прекувремена работа и се најавува неколку дена претходно, но не е задолжително, тоа е само она од договорот.

 

Кога работиш – работиш, но кога си одиш дома – никој не те вознемирува во врска со работата – раскажува соговорникот на „Есресо.рс“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.