Движењето „Да не го даваме Белград“ – Зелено левиот фронт ги повика граѓаните на протестен собир „Србија против насилството“ што ќе се одржи во понеделник, на 8 мај, пред Народното собрание, јави дописникот на МИА од Белград.
Движењето најави дека бара запирање на натамошното промовирање на насилството во медиумите и јавниот простор, како и одговорност за долгогодишниот неадекватен одговор на надлежните органи, односно разрешување на одговорните министри.
Со цел да се запре промовирањето на насилството во јавноста, Движењето „Да не го давиме Белград“ – Зелено левиот фронт во соопшението да јавноста бара смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми) и затворање печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код.
Исто така, бара одземање на националните фреквенции од телевизиите кои, како што наведуваат, „ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи“, како и итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.
Од опозицијата наведуваат и дека бараат институционална одговорност и разрешување на министерот за полиција Братислав Гашиќ, првиот човек на БИА, Александар Вулин и министерот за образование Бранко Ружиќ, „бидејќи се директно одговорни за урнатиот систем и несоодветниот одговор на властите“, како и итна седница на Националното собрание на која ќе се разгледува одговорноста на Владата и безбедносната состојба во земјата.
Од опозицијата велат дека главна насока на долгорочна промена на системот мора да биде подобрувањето на образованието, на што ќе инсистираат во своите постапки.
„На нашиот училишен систем му се потребни дополнителни наставници, психолози и педагози, како и подобри услови за работа на воспитно-образовниот кадар, за да му се посветат на секое дете и да му овозможат здрава средина за личен развој. Дополнителните специјални полициски сили не можат да го постигнат тоа. Во исто време, неопходно е да се разоружа нашето општество, бидејќи постоечкиот закон за поседување оружје систематски се крши и не се спроведува, а во исто време имаме проблем со стотици илјади нелегално оружје меѓу граѓаните на Србија“, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.