Tешко ранување, убиство и самоубиство се случило утрово кај Крушевац, Србија, пренесува српски „Блиц“, според чии неофицијални информации, жена била пронајдена на улица во Крушевац со повреда на главата и била пренесена во Општата болница во Крушевац каде ѝ била укажана лекарска помош.
Во селото Кукљин било пронајдено тело на уште една жена, а телото на мажот осомничен дека извршил самоубиство е пронајдено во автомобил.
Во тек е увид на лице место.
Според првите информации, мажот прво пукал во неговата љубовница, по што заминал во домот на сопругата и ја убил. Кога полицијата го опколила, тој се самоубил на патот меѓу селата Стругар и Милутовац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.