Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на отворањето на српско-грчкиот бизнис форум во Палатата Србија истакна дека на Србија и е потребно пристаниште поради извозот кој ќе се зголеми и дека Србија е подготвена да купи одредени капацитети на пристаништата во Солун. или Пиреја.

– Србија се повеќе ќе извезува, мора да имаме пристаниште. За нас е важно да ги искористиме капацитетите на Солун и Пиреја, дури и да купиме дел од пристаништето, одредени капацитети од 5-10 проценти. Имаме пари, тоа не е проблем. Треба да имаме побрз извоз во светот и разговаравме за тоа – рече Вучиќ.

Кога ќе го зголемиме производството на автомобили, со рудници, железарници, тоа ќе ни треба, рече тој.

Ќе се бориме за секоја грчка и српска компанија

– Ќе треба да работиме повеќе и да се бориме за секоја грчка и српска компанија, да се бориме за наш влез на грчкиот пазар во различни области, но да привлечеме што повеќе грчки компании овде. Затоа денеска побарав од премиерот Мицотакис, иако знам дека се работи за пазарно работење, да побара од грчките финансиски институции, особено од грчките банки, повторно да покажат интерес за српскиот пазар, бидејќи Србија денес е поинаква – нагласи Вучиќ.

Тој посочи и дека Србија претходно имала проблем со NPL, односно проблематични заеми кај грчките банки до 30 проценти.

-Тие времиња се одамна зад нас, одамна поминати, имајќи ја предвид важноста и можноста за грчките инвестиции во Србија, би било многу важно доколку имаме дополнителни финансиски институции кои би можеле да го поддржат. Ќе гарантираме целосна правна, политичка и секаква друга безбедност, убедени сме дека финансиските податоци за состојбата на јавните финансии на Србија доволно силно говорат за нашата постојана посветеност, дека таа ќе остане доволно силна – рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.