Србија од денеска го презема едногодишното претседавање со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).
Приоритетите на претседавањето на Србија со ЦЕФТА договорот во текот на 2024 година ќе бидат, меѓу другото, консолидација и зајакнување на имплементацијата на договорот, олеснување на трговијата со стоки и услуги меѓу ЦЕФТА страните, како и дигитализација.
Некои од мерките кое ќе бидат во фокусот вклучуваат пилотирање на заеднички царински акции, размена на податоци, работа во насока на взаемно признавање на програмата на овластени деловни субјекти на ЦЕФТА страните, електронска трговија, олеснување на трговијата со овошје и зеленчук.
ЦЕФТА е трговски договор меѓу Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Привремената административна мисија на Обединетите нации на Косово во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, пренесе Бета.
Поранешни членки се Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Хрватска, кои станаа членки на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.