Дваесетгодишен Чачанец во текот на ноќта ги убил татко си, мајка си и дедо си, дознава Курир од чачачката полиција.
Убиството се случило во населбата Атеница во Чачак, а младиот човек, како што дознаваме, е во бегство.
– Три тела се примени синоќа во мртовечница, се врши нивна обдукција – потврдено е за агенцијата РИНА, пренесуваат српските медиуми.
Според зборовите на соседите, младиот човек кој го извршил ова дело и претходно имал проблем со наркотици, а телата на членовите на семејството во куќата ги пронашол неговиот брат, јавуваат српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.