Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги прочита имињата во новата влада на Србија откако коалициските владејачки партии, Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) ги соопштија имињата по состаноците на претседателствата. По состанокот на претседателството на СПС, оваа партија го прифати договорот со кој лидерот на партијата Ивица Дачиќ го постигна со претседателот на СНС Александар Вучиќ за состав на новата влада.
Во новата српска влада СПС ќе има 5 министерски места и тоа, старо нов министер за образование ќе биде Бранко Ружиќ, Ивица Дачиќ ќе биде министер за надворешни работи и шеф на Бирото за координација на безбедносните служби. Тој ќе биде и прв вицепремиер. Врз основа на договорот со колаицискиот партнер на СПС, Драган Марковиќ Палма, заменик претседателот на Единствена Србија, Раде Баста, инаку актуелен директор на Белградски електрани треба да биде нов министер за економија.
Дачиќ на прес конференцијата рече дека во новата влада СПС ќе има и двајца министри без ресор – Новица Тончев кој ќе биде задолжен за развој на неразвиените општини и Ѓорѓе Милиќевиќ за кого подоцна ќе се договори ресор.
Запрашан дали Душан Бајатовиќ ќе продолжи да биде директор на Србијагас, Дачиќ кажа дека за тоа не било поставено прашање, дека тоа не било тема на разговор, туку дека тоа останува како предлог.
Тој нагласи дека коалицијата на СПС соработува со Вучиќ веќе 10 години и оти смета дека Србија речиси во сите сегменти направила големи чекори кон ЕУ.
-Големата предност на ова време е изразената политичка стабилност, која е предуслов за постигнување на сите цели, а во најдобар интерес на Србија и на српскиот народ е нашата соработка да продолжи и во наредниот период, рече Дачиќ за соработката со Вучиќ.
Седницата на владејачката СНС сè уште е во тек, а во попладневните часови се очекува лидерот на таа партија да ги соопшти имињата на новите министри, кои ќе го сочинуваат и главниот костур на владата. Како што најави Вучиќ во владата ќе се најдат и имиња од малите коалициски партии на малцинствата, меѓу кои на унгарското, бошњачкото и хрватското малцинство.
Новата влада ќе има 25 министерства, четири повеќе од претходната, а се очекува да биде формирана во текот на следната недела.
Мандатар за состав на новата влада е поранешната премиерка Ана Брнабиќ.
Ана Брнабиќ, премиерка
Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи и вицепремиер
Милош Вучевиќ, вицепремиер и министер за одбрана
Синиша Мали, вицепремиер и министер за финансии
Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија
Раде Баста, министер за економија
Јелена Танасковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Ирена Вујовиќ, министерка за заштита на животната средина
Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура
Дубравка Негре, министер за рударство и енергетика
Маја Поповиќ, министерка за правда
Александар Мартиновиќ, министер за администрација и локална самоуправа
Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог
Братислав Гашиќ, МВР
Тања Мишчевиќ, министерка за евроинтеграции
Бранко Ружиќ, министер за образование
Јелена Беговиќ, министерка за наука и иновации и технолошки развој
Даница Грујичиќ, министерка за здравство
Никола Селаковиќ, министер за труд, ветерани и социјални работи
Дарја Кисиќ, министерка за семејна грижа и демографија
Хусеин Мемиќ, министер за туризам и млади
Зоран Гајиќ, министер за спорт
Маја Гојковиќ, министерка за култура
Милан Кркобабиќ, министер за грижа на селото
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.