Кристина Н.(25) и Кевин Д.(23), наводно двајцата по потекло од Србија, кои се осомничени дека пред неколку дена од болница во Франција го грабнале нивното предвремено родено дете, би можеле да завршат во доживотен затвор.
Кристина и Кевин се обвинети дека го киднапирале нивниот предвремено роден син, кој имал само 17 дена. Според медиумите, тие се товарат за организирано киднапирање на лице кое не наполнило 15 години, за што потенцијално им се заканува доживотен затвор.
Детето било киднапирано од болница во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, а се сомневаат дека родителите со бебето побегнале во Белгија. Бидејќи животот на малиот Сантијаго е во опасност, поради сложената здравствена состојба поради предвремено породување, доколку детето умре, ќе се променат деталите од обвинението, но не и висината на казната, бидејќи веќе им се заканува доживотен затвор поради киднапирање на малолетници.
Француските медиуми пишуваат дека казната би можела да биде сменета доколку родителите го вратат детето во рок од седум дена од киднапирањето.
Дали родителите можат да „киднапираат дете“?
Се поставува и прашањето дали може да бидат обвинети за киднапирање деца, бидејќи тоа е нивно дете. Сепак, постојат индиции дека престанокот на родителското право било планирано поради минатото на двајцата родители, бидејќи таткото има криминално досие, а мајката наводно е позната по употреба на наркотици.
Но, наводно, оваа мерка само била разгледана и во ниту еден момент не била покрената постапка за отстранување на детето.
Исто така, по апсењето може да се преиспита и квалификацијата на делото како „киднапирање од организирана банда“. Овде, околноста „организирана банда“ има предност што на правосудниот систем му дава рамка која отстапува од обичајното право, давајќи им на властите поголема слобода, пишува BFMTV.
Доколку родителите бидат уапсени, тие би можеле да бидат обвинети за „одбивање нега и храна на малолетник под 15 години од страна на надлежно лице или старател“. Во тој случај би се соочиле со казна затвор до седум години. Меѓутоа, доколку бебето умре, таа казна може да биде зголемена на 30 години.
Соучесниците во киднапирањето сепак ризикуваат доживотен затвор за „организираното“ киднапирање. Да потсетиме, досега се приведени повеќе лица на возраст од 16 до 29 години, поради сомнение дека имале клучна улога во организацијата и самото киднапирање.
Според последните информации, Кевин и Кристина биле забележани во хотел во Белгија. Тие беа фатени на надзорните камери во Монс во вторникот наутро, а автомобилот беше пронајден во Шарлроа во средата навечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.