Советот на Европа се надева дека новата бугарска влада ќе ги спроведе пресудите за македонските здруженија

Балкан 07.04.2023 / 13:17

По неделните парламентарни избори во Бугарија од Советот на Европа изразуваат надеж дека новата влада конечно ќе ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со регистрацијата на македонските здруженија во оваа земја.

„Комитетот на министри забележува дека повеќе од 16 години по првата конечна пресуда во случајот ОМО Илинден-Пирин и други групи против Бугарија за здруженија чија цел е да ‘постигнат признавање на македонското малцинство’ и натаму рутински се одбива регистрацијата. До денес, и покрај некои чекори преземени од властите, Агенцијата за регситрација и судовите сѐ уште не дејствуваат во согласност со Конвенцијата. Комитетот бара од властите да ги преземат неопходните мерки за да обезбедат барањата за регистрација да се разгледуваат во согласност со член 11 од Конвенцијата и да ја прошират обврската на Агенцијата да дава инструкции за исправка на досиејата за регистрација“, пишува меѓу другото во извештајот за 2022 на Комитетот на министри на Советот на Европа за спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Во извештајот пишува дека Советот на Европа бара од 46-те земји членки да покажат политичка волја и да ги спроведат пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур и да ги подобрат своите капацитети за тоа.

„Почитувањето на судските одлуки е од суштинско значење за владеењето на правото. Низ цела Европа Конвенцијата за човекови права ги смени на подобро животите на луѓето, но за да продолжи позитивниот импакт земјите членки на Советот на Европа мора да покажат политичка волја и целосно и доследно да ги спроведат пресудите“, вели генералната секретарка на Советот на Европа (СЕ), Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Освен Русија и Турција, и Бугарија е на врвот на листата на земји членки на Советот на Европа со најмногу случаи (вкупно 182) на неспроведени пресуди на ЕСЧП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

jojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomMeritking Girişholiganbet girişbaywinDeneme Bonusu Veren Sitelercasibom girişdeneme bonusuCASİBOM GÜNCEL