Семејната драма на Чедомир Јовановиќ продолжува и по сослушувањето на неговата сопруга и ослободувањето од притвор откако вчера беше пријавен за семејно насилство.
Брзата помош го пренела Чедомир Јовановиќ во ВМА поради повреда на главата.
Имено, неговата сопруга Јелена пред неколку дена го удрила со бокал во глава, па веднаш потоа го сошиле. Самиот потврди дека седум дена се карал со сопругата и оти ја удрил.
Јовановиќ потврди дека дошло до тепачка со неговата сопруга Јелена, дека излегол од станот и бил кај пријател, а тоа откако дознал дека против него е поднесена пријава за семејно насилство , отишол во полициска станица да пријави.
Јовановиќ е еден од најконзервативните политичари во Србија, кој беше поврзуван со убиството на премиерот Зоран Ѓингиќ како и за пријателство со Земунскиот клан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.