Во тек е интензивната потрага на белгиската полиција по членовите на криминалната група од Србија која го киднапирала Мохамед Азаи (49) од Антверпен, познат како Лобањ, а неговата сопруга Џамила се огласи со објава на социјалните мрежи и моли да се врати жив!

Азаи беше киднапиран под сомнение дека е вмешан во кражба на тон кокаин вреден околу 25 милиони евра!

Сакам само мојот човек да биде тука, да се појави. Ни недостигаш, многу боли. Кога ќе дојдеш, те молам? Дали си сеуште тука? Само сакаме да се вратиш дома – напиша Џамила

Таа е позната инфлуенсерка во Холандија со милиони следбеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.