Најновите брзи возови, кои неодамна ги доби Србија имаат вкупно 250 седишта и ќе се движат со брзина од 200 километри на час.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ рече дека ова се најмодерните возови во Европа, а се единствени поради можноста да се движат по пругата и кога нема струја.

– Има литиумски батерии и ако снема струја може да вози 10 километри со брзина од 30 км/ч – вели Весиќ во видеото кое го објави на платформата Тик-Ток.

 

 

Првата и втората класа се речиси идентични, а можете да патувате без проблеми благодарение на приклучоците во близина на седиштата, масите и уникатниот простор за велосипеди – ако одлучите да го продолжите патувањето на две тркала по пристигнувањето на вашата дестинација.

Весиќ посочува дека со новиот Сокол ќе стигнеме до Будимпешта за помалку од 3 часа, Ниш за 100 минути, Скопје за помалку од 2 часа, а еден ден дури и до Солун.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.