Нов вид на коронавирус е потврден во Словенија и затоа властите ги враќаат маските. Станува збор за арктурус, објави „Б92“.

 

Податоците од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле нова омикронска подваријанта XBB.1.16.

Симптомите на овој сој се: чешање, конјунктивитис и високи температури. Сепак, досега не се евидентирани сериозни компликации. Сега во Словенија доминира претходната варијанта на омикронскиот сој на коронавирусот XBB.1.5, но тие почнаа да се изолираат и да се инфицираат со најновиот вид арктурус. Но, се смета дека овој сој побрзо се шири, пишува „Јутарини.хр“.

Сојот го има во најмалку 24 држави. Во Индија за еден ден има над 3.000 нови случаи. Нагло зголемување на заразени е забележано и во САД, Канада, Сингапур, Австралија и Јапонија. Сојот е пронајден и во Данска, Германија, Шпанија, Холандија, Шведска и Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.