Драма во Скопје: Напаѓачите влегоа во контролната кула и претепаа контролори на летање, реагираше и НАТО“. Ова е насловот со кои медиумите од соседството известуваат за упадот во М-НАВ и тепањето на контролори на летање.

Скандалот излезе надвор од границите на Македонија. Десетици медиуми известуваат за скандалот кој со денови е актуелен во јавноста, а додека Беким Незири од ДУИ осомничен дека ги организирал и пуштил тепачите, е на слобода.

За скандалот, целосен извештај има на српските „Н1“, „Нова.рс“, „Телеграф“, „Новости“, „Блиц“ – медиуми кои се едни од најчитаните во соседството.

Почетокот на годината во Македонија го одбележа скандал кога осум лица упаднаа во контролата на летање (М-НАВ) и вербално и физички ги нападнаа дежурните контролори кои во тој момент се грижеа за безбедноста на сообраќајот во небото. Поради инцидентот реагираа НАТО, ЕУ, како и странските амбасади, а раководството на таа служба набрзо беше сменето, објавуваат медиумите во соседството.

Реакциите на НАТО, странските амбасади, но и деталите споделени од истрагата се само дел од извештаите. Ги опишуваат и конекциите меѓу Незири и тепачите.

 Е.С. (близок соработник на Беким Незири) го удрил контролорот, по што Незири почнал да вика и да му се заканува. Насилниците им довикувале на уште двајца албански контролори“, се додава во текстот на „Нова.рс“ и „Н1“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.