Силна експлозија родекнала доцна синоќа Загреб, јавуваат хрватските медиуми. Засега се верува дека се работи за остатоци од авионот, но истрагата се уште е во тек. На терен е и воената полиција.

Силната експлозија во близина на студентскиот дом „Стјепан Радиќ“ ги вознемири загрепчани во четвртокот околу 23 часот. Во земјата пронајден кратер со должина од околу 5 метри и ширина од околу 2-3 метри.

Според хрватското МВР, на местото на пријавата итно се испратени полициски патроли и на зелената површина на ул. „Јарунска“ бб пронашле кратер, додека на поширокото подрачје пронашле два падобрани.

Хрватските медиуми пренесуваат информации главно од читатели дека Јарун е полн со патролни автомобили со најсветли светла и теренот се пребарува. Се пребарува и просторот покрај реката Сава. На терен е и воената полиција. Просторот е обележан со полициска лента.

Другиот падобран е пронајден во „Петринска улица“.

Дознаваме дека на дел од авионот се видливи знаци на руска кирилица и црвена ѕвезда, пишува Дневник.хр.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.