Високиот претставник Кристијан Шмит изјави дека не е поддржувач на Дејтон два, наведувајќи дека тоа повеќе ќе влијае на интересите на земјите потписнички отколку на самата Босна и Херцеговина.

„Јас не сум поддржувач на Дејтон 2, средба во некоја воздухопловна база, на која ќе се сретнат некои луѓе кои мислат дека ги знаат конкретните интереси на предметното население“, изјави Шмит во интервју за бх. издание на загрепски Вечерњи лист.

Тој додаде дека „се надева и се залага дека луѓето во БиХ се поподготвени да се грижат еден за друг, дури и во однос на уставната позиција“.

„Верувам дека тоа сега не е доволно, но треба да видиме што може да се поедностави“, рече Шмит. Според него, во БиХ има толку комплицирани правила што „едноставно бараат од вас да не ги почитувате“.

Тој додаде дека „треба да седнеме и да разговараме за проблемите и да ги решиме во рамките на БиХ“, нагласувајќи дека Дејтон два „ќе ги одразува интересите на земјите потписнички наместо самата БиХ“.

Дејтонскиот договор беше неопходен, бидејќи тоа беше војна и мораше да се прекине, но Дејтон повеќе не ги дава сите одговори на прашањата на новата генерација во оваа земја. Мораме да направиме нешто за оваа и за следната генерација“ , оцени високиот претставник во БиХ .

Тој понатаму рече дека целта на одлуките со кои наметнува измени на Изборниот закон на Босна и Херцеговина и Уставот на Федерацијата Босна и Херцеговина е да се отстранат политичките блокади во функционирањето на институциите.

Јас сум рационален Германец. Прво, треба да ни биде јасно дека нема да создадеме рај во БиХ. Второ, Хрватите не се целосно потиснати. Трето, и Бошњаците живеат тука и треба да живеат тука“, рече Шмит во интервјуто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.