Српскиот претседател Александар Вучиќ во неделата вечерта го испрати началникот на Генералштабот на војската на Србија во регионот Рашка на границата со Косово, пренесува новинската агенција Франс Прес.

Задачите кои ѝ се дадени на српската армија се „прецизни, јасни“ и ќе бидат „целосно спроведени“, изјави генералот Милан Мојсиловиќ за српската телевизија Пинк по состанокот во Белград со претседателот Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и останатиот воен врв на земјата. „Ситуацијата е сложена, комплексна, бара воено присуство долж административната линија и во наредниот период војската ќе биде насочена кон извршување на задачата“, изјави синоќа Мојсиловиќ.

Непосредно пред заминувањето на Мојсиловиќ во пограничната област, провладините медиуми во Белград јавија дека во Зубин поток во северно Косово се слушнало рафално пукање, додека некои наведоа оти дошло до размена на оган меѓу локалните Срби и косовските полицијци, при обид на поицијата да отстрани барикада на косовските Срби. Неколку медиуми споделија и видео објавено на интернет од наводните пукотници во Зубин поток.

Косовската полиција соопшти дека во текот на вчерашниот ден немало инциденти меѓу нејзините припадници и какви било групи на северот на Косово.

извор: Дојче веле

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.