Авдулах Шабани е познат по малтретирање на Србите и грабежи на ова место, но со години нема казни.

Србинот Немања Митровиќ и неговиот татко Саша вчера беа нападнати од двајца Албанци, од кои едниот е од семејството Шабани, познато по малтретирањето на Србите во Бабин Мост.

Очигледно е дека нема соодветни санкции за напаѓачите на Србите иако Канцеларијата за Косово апелираше и бараше од меѓународните мисии најодговорно да пристапат кон овој случај уште при првиот напад, инцидентот кулминираше со  ранување на постариот син на Немања.

Несомнено е дека нападот врз Митровиќ е последица на антисрпската политика и неодговорните, запаливи изјави кои секојдневно пристигнуваат од Приштина и Аљбин Курти, кој на тој начин им црта мета на Србите – се наведува во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.