Насер Кељменди е наречен „балкански нарко барон“. Главата на семејството Кељменди е дефинитивно Насер, кој некогаш беше етикетиран како најголемиот регионален наркобос на Западен Балкан. Покрај тоа, тој беше под истрага и од американската агенција ДЕА.

На нивната листа тој го зазеде првото место меѓу лицата од Европа кои се сметаат за опасни за безбедноста на Соединетите Американски Држави . Тој е водач на една од најсилните албански криминални групи на Балканот, а наводно е главен финансиер и организатор на шверцот на хероин, кој со автобус од Албанија пристигнува во Пеќ, потоа преку Рожај се транспортира до Нови Пазар, а од таму во Западна Европа.

Во Пеќ првпат е осуден на една година затвор за обид за убиство, а се поврзувал и со тепачки. Меѓутоа, во февруари 2018 година, во Приштина, тој беше осуден на шест години затвор за наркотици

Од текстил до дрога

Изворите на приходи на Насер главно доаѓале од шверц на текстил и злато од Турција. Набргу, тој наводно почнал да шверцува цигари, нафта и наркотици.

Во бизнисот се вклучени и неговите синови

Најстариот син на Насер, Елвис, беше осуден на четири години затвор во 2015 година во Приштина за обид за убиство.

Вториот син Лиридон остана запаметен по тоа што ги поттикнувал полицајците да му издаваат лажни документи нему и на неговиот брат Елвис, а два месеци по излегувањето од затвор повторно бил уапсен поради нарушување на јавниот ред и мир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.