Петнаесетгодишно момче го загуби животот во водите на Егејското Море. Грчките медиуми информираат дека тинејџерот бил извлечен од водата во бесознание, со пена на устата и за кратко била констатирана смрт. Инцидентот се случил околу пладне во Неа Флогита, Халкидики,
Грција.

Според грчките медиуми момчето го забележал роднина, но мислел дека се шегува. Кога сфатил дека вистина се дави, влегол да му помогне, но било предоцна. Иако присутните на плажата во Неа Флогита се обиделе да го реанимираат, во Здравствениот дом во Мудања, констатирале смрт.
Сè уште не се знае дали е турист и од која земја, како и од што починал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.