„Kланот „Америка“ е најдолговечниот, веројатно најмоќниот, но и најмистериозниот криминален клан од Балканот, чии членови повеќе од две децении шверцуваат кокаин од Јужна Америка во Европа. Се сомневаат дека биле вмешани во серија убиства на Балканот, но ниту едно не е расветлено.
Овој клан успеал да создаде монопол над речиси сите поморски патишта за дрога, снабдувајќи го европскиот пазар и одржувајќи силни деловни односи со италијанскиот и европскиот организиран криминал.
Последната пратка на овој план сепак беше спречена со помош на грчките служби.
За што се работи.
63 годишниот Зоран Јокшиќ, еден од водачите на овој клан купил винарија во Аргентина со цел виното што ќе го произведат легално да го дистрибуираат заедно со кокинот.
Кокаинот требало да биде спакуван во пакетите со шишиња но биле отриени до грчките служби кои се преправале дека се купувачи на вино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.