Припадници на МВР, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсија У.Б.(2002), се вели во официјалното соопштение на српското Министерство за внатрешни работи.
Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица, а ранил 14. Повредените добиваат лекарска помош во болниците. Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан, велат од српското МВР.
Крвавиот пир на убиецот почна синоќа околу 23 часот во селото Дубона кај Младеновац, а во потрагата по осомничениот беа вклучени повеќе од 600 припадници на полицијата, жандармеријата и специјалните единици. У.Б. пребарувале со помош на хеликоптери, дронови и кучиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.