Мајката на четиринаесетгодишното момче кое беше убиено во основното училиште „Владислав Рибникар“ се огласи на социјалните мрежи и му кажа на синот дека го сака. бескрајно.
Мајката на убиеното момче сега првпат проговори и објави кратка порака на Фејсбук заедно со неговата фотографија.
– Мама те сака бескрајно.
Родителите на момчето, кое било талентиран пијанист и извонредно дете полно со потенцијал, првпат се појавија минатата недела кога неговиот татко го објави наградуваниот есеј на момчето, во кој зборува за неговите планови за иднината.
– Образованието во странство за мене претставува голем предизвик, на кој се надевам дека ќе можам да одговорам со поддршка од моите родители, пријатели и професори. Со заминувањето во странство, ќе морам да се прилагодам на нова средина: поинаков начин на работа, поинаква култура, високите барања на академијата… Можеби ќе треба да учам нови јазици и да бидам подготвен за ситуации во кои ќе мора да се потпирам само на себе. Ќе морам да се грижам за моето секојдневие и ќе имам само 17 години. Сепак, верувам дека ќе бидам подготвен – е дел од есејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.