Д-р Ранка Радуловиќ, која имаше сесија со учениците во основното училиште „Владислав Рибникар“, каде на 3 мај се случи масакрот во кој беа убиени десет лица, а седуммина беа тешко ранети, се огласи откако таткото на едно од загинатите девојчиња изјави дека докторката им вршела „темна психотерапевтска сесија“ на децата, им пуштала народна музика и им наредила „да се поврзат со духовите и душите на нивните убиени другари“…

Да потсетиме, Слободан Негиќ изјави дека на 5-ти мај во „Рибникар“, само два дена по масовното убиство, докторката Ранка Радуловиќ направила „темна психотерапевтска сесија“ со децата кои тој ден дошле на училиште да си ги соберат работите. За време на таа сесија, рече Негиќ, им пуштала народна музика на децата и им рекла дека треба да се „поврзат со духовите и душите на нивните убиени пријатели“.

Радуловиќ тврди дека во петокот на 5 мај од работното место на Клиниката за психијатрија итно била испратена во Основното училиште „Владислав Рибникар“ по наредба на директорот, а по барање на Министерството за здравство, заедно со група искусни колеги, со цел да се обезбеди првата психијатриска помош за деца, родители и наставници.

Добив конкретна задача да бидам присутна на наставничкиот совет во 13 часот. По тој повод одговарав на стручните прашања на вработените, од кои некои имаа потреба да зборуваат за своите чувства. Тогаш беше договорено по завршувањето на состанок на наставнички совет, да формира група со вработени кои треба понатаму да разговараат со мене. Во 15 часот во ходникот гледам група вработени и деца како се држат и силно плачат, а во состојба на голем шок. Учениците дојдоа на училиште да си ги соберат работите, за прв пат по масовното убиство, вели Д-р Радуловиќ и додава „Бидејќи беа во видно возбудена состојба и плачеа, а пред училиштето имаше гужва од луѓе и новинари, помислив дека постои можност да бидат фотографирани и злоупотребени од медиумите.П оради нивна заштита, ги повикав да не стојат на ходник, туку да дојдат во планираната група со присутните наставници, што сите тие го прифатија. Не ги видов нивните родители во близина. На почетокот на состанокот на групата дознав дека тоа беше дел од 7-2 одделението, но имаше и ученици од други паралелки. Во групата од наставниот кадар учествуваа училишниот психолог, наставникот по географија на 7-2 одделение и набљудувачот помлада колешка од Клиниката за психијатрија која беше ученичка во тоа училиште. Целта на средбата беше да се смират учениците и наставниците“.

Таа понатаму наведува дека „учесниците имале потреба да го реконструираат настанот и да ги споделат своите чувства еден со друг“.

Учениците кои ја почувствуваа вината дека се „преживеани“ ја вербализираа и ја добија мојата и поддршката од групата. Во текот на состанокот со наставниците и учениците, спомената е заедничка песна од екскурзија, од народен жанр, а во врска за сеќавањето на кон покојниот ученик А.Ч. кој таа песна ја пеел на екскурзија заедно со нив. Бидејќи не ја знаев таа песна, ги замолив да ја пуштат од мојот телефон. Како психијатар и професионален музикотерапевт, јас оценив дека би било корисно за групата доколку учениците од групата повторно ја слушнат омилената песна, поврзана со среќниот спомен на починатиот пријател и ученик, дека ќе придонесе за сплотеност на групата, ќе помогне во процесот на жалост и дека ќе го напуштат училиштето посмирено. Целта на групата беше успешно завршена бидејќи сите учесници покажаа нормални реакции на жалост, кои се разликуваа по степенот на манифестацијата. По групата, истиот ден, според договорот направен за време на наставничкиот совет, продолжив да и помагам на групата во која членуваа наставници, претставници од Министерството за образование и претседателот на Советот на родители. Се што направив за училиштето „Владислав Рибникар“, луѓето поврзани со него и за професијата, пациентите и граѓаните во текот на мојот 32 годишен работен стаж беше најдобронамерно и професионално засновано, заклучува д-р Ранка Радуловиќ.

Докторката синоќа на својот Фејсбук профил срамно реагираше на изјавата на споменатиот татко, велејќи дека се тагува во тишина, а не преку медиумите.

Министерството за здравство соопшти дека наредило вонреден увид, а Клиниката за психијатрија на Универзитетскиот клинички центар на Србија итно ќе изврши интерен увид со кој ќе се утврдат сите факти поврзани со конкретниот настан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.