Сараево во вторник повторно се најде на врвот на листата на градови со најголемо загаденост на воздухот, покажуваат податоците на порталот AirVisual, кој собира информации од мерните станици од земјите ширум светот.
Концентрацијата на загадувачки материи во утринските часови е означена со индекс 235 и е во категоријата „многу нездрав воздух“. Но концентрацијата на микрочестичките од прашина со ознака PM 2,5 истовремено била во категоријата означена како „опасна“ по здравјето, бидејќи била 37 пати поголема од дозволеното.
Поради овие податоци, во главниот град на Босна и Херцеговина се на сила предупредувачки мерки, кои дополнително треба да значат забрана за оптек на возила со застарени мотори, но тоа речиси никој не го почитува.
Микрочестичките прашина со години се главната причина за загадувањето на воздухот во Сараево, а ги произведуваат голем број автомобили на градските коловози со стари дизел мотори како и ткн. „мали ложишта“ во домаќинствата кои користат цврсти горива за греење.
Концентрацијата на овие штетни материи е поттикната од неповолната положба на Сараево во котлина, а дополнителен проблем се температурните инверзии во зимските месеци кога нема ветер, што создава „ефект на капак“ бидејќи го спречува филтрирањето на воздухот преку природни средства.
Втор на листата на градови со најзагаден воздух во вторник претпладнето е пакистанскиот Лахоре каде индексот на загаденост е означен со индекс 222.
Град кој во тој момент имал најчист воздух на светот е американскиот Сан Франциско, каде истиот индекс бил нула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.