САД ja подржуваат идејата Косово да се приклучи на програмата на НАТО Партнерство за мир, и ги ценат нејзините активностите, но побараа сите актери да работат кон тоа да се постигне стабилност во соседството, Џулијан Смит, амбасадор на САД во НАТО, истакна денеска на брифинг за новинарите.
Партнерство за мир е програма преку која НАТО соработува со земји-партнери од евроатлансткиот регион.
-Задоволни сме што гледаме силен интерес од Косово за приклучување кон Партнерството за мир. Но, мислам дека нашите пријатели таму нè разбраа многу јасно. Ние сакаме тие да продолжат да инвестираат во дијалогот со посредништво на ЕУ. Тоа е нешто што силно го поддржуваат и сојузниците од НАТО и земјите-членки на ЕУ, рече Смит
Таа додаде дека лидерите на Косово ќе имаат шанса за оваа програма ако сите заедно „работиме во регионот и помогаме за поголема стабилност во соседството“.
-Се надеваме дека подоцна ќе можеме да го разгледаме прашањето за (Косово во) П4П. Но, во моментов, се фокусираме кон постигање на поголема стабилност во соседството и правиме сè што можеме за да постигнеме напредок во таа иницијатива водена од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.