На граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар, во трите месеци од ова лето, јуни, јули и август забележана е рекордна фреквенција на патници и возила.

Во трите споменати месеци од летната сезона, на граничниот премин „Блато“ се регистрирани вкупно 214.266 патници, од нив 111.777 за влез и 102.479 за излез. Тоа значи дека во просек дневно минувале по 2329 лица, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Зголемената фреквенција е поради тоа што се поголем бројот граѓани кои одлучуваат летниот одмор да го минат на албанското крајбрежје го користат овој премин, печалбарите од Италија кои пристигнуваат со траекти до Драч и со возила го продолжуваат патот кон родните места. Тука, секако и албанските туристи кои доаѓаат во македонските туристички места за одмор, бањско лекување, викенд престој, роднинските посети, домашни веселби, како и шопинг.

Врз тоа влијание има подобрената патна инфраструктура, со изградбата на автопатот Руга е Арбрит (патот на Арбр), со чија изградба оддалеченоста од преминот до Тирана е намалена од 182 на 70 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.