Разбиена е една од најактивните албански мафии за шверц на кокаин, а уапсени се 45 лица , соопшти ЕВРОПОЛ. Беа спроведен преку акции во повеќе земји од Европската Унија, каде беа претресени над 80 локации, пишува порталот Kossev.info.
ЕВРОПОЛ наведува дека уапсените увезувале кокаин од Латинска Америка до различни европски пристаништа, организирале превоз со авиони, бродови, автомобили и камиони и вршеле трговија на големо преку Шпанија и други земји од Европската Унија.
Акцијата беше спроведена во Шпанија, Белгија, Хрватска, Германија, Италија и Холандија, а учествуваа над 600 полицајци.
Европравда (Агенција на Европската унија за соработка во кривичната правда) формираше мрежа за олеснување на комуникацијата меѓу судските власти, додека ЕУРОПОЛ организираше интензивна размена на информации потребни за подготовка за последната фаза од оваа истрага, се додава во соопштението.
Истрагата беше покрената во Белгија во септември 2020 година, откако беше запленета голема количина дрога и хемикалии што се користат за зачувување на кокаин.
ЕВРОПОЛ наведува дека оваа криминална мрежа формирала синџир на компании во различни земји за перење пари, вклучително и Хрватска и Шпанија, главно користејќи други луѓе како екрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.