Албанскиот премиер Еди Рама ги шокираше сите учесници, вклучително и новинарите, со својот смисол за хумор за време на Стратешкиот форум во Блед, Словенија. Зборувајќи за доминантната теза на Форумот дека, поради агресијата од страна на Русија, треба да се забрза евроинтеграцијата на Украина, ако треба и со политичка одлука, Рама рече дека, ако тоа помага, Балканските земји лесно можат да се нападнат меѓусебе!

Гледајќи го конфликтот во Украина и нејзиниот забрзан пат кон ЕУ, се прашувам: Кој кого треба да напаѓа во овој панел за побрзо да влеземе во Европската Унија, како Украина? И си одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне Македонија без сомнение. Хрватска лесно може да ја нападне Србија, Србија – Косово, Босна може да се нападне сама себе. Ние, Албанија, можеме да бараме од Грците да нè нападнат и тие со задоволство ќе го направат тоа, Црна Гора може само да лежи на плажа. И така сите ќе бидеме подготвени да влеземе во ЕУ заедно со Украина – рече Рама.

На овие зборови што ги кажа албанскиот премиер, во салата на словенечкиот форум одекна експлозија од мешани реакции – мешавина од смеа, извици и збунетост.

На тоа Рама продолжи со иронијата:

Мислам дека е подобро да се зборува за нормализација, во секој случај, бидејќи ризикуваме сите во просторијата да бидеме прогласени за ненормални.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.