Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе и го врачи првиот мандат за формирање нова влада на најголемата политичка групација во Народното собрание „Продолжуваме со промените“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, поддршката за новата влада, добиена со првиот мандат, станува се покомплицирана по повлекувањето на Бугарската социјалистичка партија од преговарачката маса, поради протерување на 70 руски дипломати од Бугарија.

Условот што го постави лидерката на бугарските социјалисти Корнелија Нинова е владата предложена да управува со државата да не биде предводена од поранешниот премиер Кирил Петков. Истиот услов го постави и партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов.

Во 17 часот по локално време ќе се знае дали „Продолжуваме со промените“ ќе го смени составот на владата, како и кој ќе ја води, бидејќи според уставот на државата кандидатот за премиер треба да го преземе мандатот од претседателот на Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.