Поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска Весна Пусиќ денеска изрази разочарување од резултатите на самитот ЕУ – Западен Балкан и изјави дека „ниту едно од очекувањата на земјите од регионот не е исполнето“.
Резултати од Самитот: кандидатски статус за Босна и Херцеговина – не; почеток на преговорите за Македонија и Албанија – не; забрзување на процесот за Црна Гора – не; визна либерализација за Косово – не; да се опкружи Србија со успеси, да се движи кон ЕУ – не, напиша Пусиќ на Твитер.
На крајот прашува: – Што сега?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.