„Пукав затоа што сум психопат“.
Вака при апсењето рекол седмооделенецот кој уби најмалку осум соученици и повреди 20-тина лица, меѓу кои и наставничката по историја во училиште во Врачар во Србија. Според Информер Коста К. не покажувал никакви емоции и отпор, а полицајците му рекле да ги стави рацете на главата и да легне на подот. Соучениците од училиштето „Владислав Рибникар“ за 14-годишниот Коста, син на познат радиолог, кој бил петкаш изјавиле:
– Доби единица по историја и потоа полуде. Пукаше во канцеларијата на наставничката, а потоа и на другарите. Ги има сите петки, а сите го нарекуваме бубалица.
Српското МВР соопшти дека загинати се девет лица, од кои осум деца и припадник на обезбедувањето, ранети се седум лица, од кои шест деца и еден учител, јави дописникот на МИА од Белград.
Коста добивал бројни награди и пофалби, одел на натпревари по математика и по биологија, бил мирен и повелечен, вели за него еден негов школски другар.
Уште не е познато зошто Коста пукаше со два пиштоли. Тој имал пет полни рамки и ранец полн со молотови коктели. Според пишувањата на медиумите, момчето испукало дури 20 куршуми.
Таткото на девојчето кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со студен израз на лицето влегол во училницата и пукал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.