Грчките медиуми утрово јавуваат дека синоќа се случил тежок инцидент на Халкидики. Двајца мажи на возраст од 39 и 43 години од Скопје, утрово биле пренесени во Здравствениот дом Касандра со прострелни рани.

39-годишникот им подлегнал на повредите и починал, додека 43-годишниот е пренесен во болницата Полигирос.

Според она што го пренесуваат медиумите во Грција, непознати лица влегле во апартманот во Ханиоти во кој престојувале Македонците, и пукале во нив. Мотивите засега се непознати, а полицијата го истражува случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.