Четрнаесетгодишниот пукач кој утрово уби девет лица во основно училиште во Белград, е син на угледен српски лекар, радиологот В.Кецмановиќ.
Тој пред две години работел во Заводот за кардиоваскуларни заболувања на Дедиње.
Проф. Милован Бојиќ, не сакајќи да го доведе својот колега во никаква поврзаност со злосторството што го направи неговиот син, за „Новости“ изјавил дека сите на Дедиње го паметат угледниот радиолог како исклучителен стручњак и човек.
Докторот потекнува од угледно семејство на интелектуалци, а синот кој го извршил масакрот во училиштето го добил во првиот брак, пишуваат тамошните медиуми.
Српската јавност прашува зошто „угледниот доктор“ чувал два пиштола дома и како неговиот син знаел каде да ги најде и како да ракува со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.