Во спасувачката акција на грчката крајбрежна служба во близина на островот Китира, пронајдени се безживотните тела на седум лица, по несреќата во средата вечерта, кога потона чамец со околу 95 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека кај Китира, островот што се наоѓа јужно од Пелопонез, вчера биле извлечени безживотните тела на четири мажи и две жени, а во акцијата што трае неколку дена, спасени се вкупно 80 лица, 55 мажи, седум жени и 18 деца.

Денеска било пронајдено телото на уште едно лице, додека, пак, потрагата продолжува.

Несреќата се случи доцна вечерта во средата кога едрилица со мигранти удрила во карпа и преку бројот за итни случаи 112 била побарана помош.

Неколку часа подоцна, имаше бродолом и кај Лезбос, островот во северниот дел на Егејското море и во близина на турското крајбрежје и беа спасени 28 лица, а загинаа 18 миграни (16 жени, едно дете и еден маж).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.