Потрагата по пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воена морнарица што вчера се урна во Јонското море, траеше во текот на ноќта, а продолжува и денеска, објави грчката државна телевизија „ЕРТ“.

Несреќата се случи вчера наутро, од засега непознати причини, а животот го загуби 29-годишниот копилот, чие тело беше пронајдено вчера.

Во потрагата по 31-годишниот пилот, според „ЕРТ“, во текот на ноќта учествувале еден авион Ц-130, хеликоптери Супер пума и С-70, како и пловни средства на грчката крајбрежна служба.

Авионот полетал во 10.15 часот од градот Андравида во северозападниот дел на Пелопонез, а се урнал 15 минути подоцна, 25 наутички милји јужно од аеродромот за време на едукативен лет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.