Едномесечен притвор за поранешен припадник на косовската полиција осомничен дека шпионирал во корист на Србија.

Основниот суд во Приштина го терети со кривичните дела „Шпионажа“ и „Неовластено поседување, контрола или сопственост на оружје“.

Александар Влајиќ, како што соопштија надлежните органи, бил уапсен синоќа по неколкумесечни истраги на Косовската разузнавачка агенција и косовската полиција.

Според медиумите во Приштина, Влајиќ се сомничи дека вршел шпионски дејствија во корист на разузнавачките служби на Србија.

Пред една недела за истото дело во Урошевац беа уапсени две лица, косовски Албанци, на кои исто така им е одреден едномесечен притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.