Наблудувачка мисија „Црта“ јавува за бројни неправилности на изборите во Србија, каде се гласа на претседателските, парламентарните и локалните избори за град Белград.
„„Црта“ поднесе уште две пријави во полиција и тие се однесуваат на купување на гласови. Значи вкупно „Црта“ во текот на денешниот ден поднесе седум пријави и сите на директен или на индиректен начин се однесуваат на купување на гласови или на т.н. феномен „бугарски воз“. Она што го забележуваме е значаен раст на неправилности, поединечни неправилности, спорадични неправилности на дури 12% од избирачките места ширум Србија. Денеска во попладневнитѕе часови ви соопштивме дека во Белград на избирачките места на кои се забележани поединечни проблеми изнесува 5%, сега тој провент на избирачки места порасна на 10%“, соопшти Раша Недељков, наблудувачка мисија „Црта“.
Републичката изборна комисија на Србија соопшти дека до 18 часот на изборите од запишаните 6.502.307 гласачи излезноста е 50,82 отсто, а ЦЕСИД соопшти дека на претседателските, парламентарните и локалните избори за град Белград до 17 часот гласале 45,1 отсто од запишаните избирачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.