Во една пекара во белградската населба Видиковец, се појави нов производ во понудата.

Пекарскиот асортиман е збогатен со „претседателски сендвич“.

Се претпоставува дека сендвичот е направен од мајонез и паризер, кои од средата се на намaлување, со додаток на зелена салата.

Како што тврдат работниците на пекарата, сендвичот оди како алва!

Цената му е повеќе од пристапна, 99 динари. Значи двојно е поевтин од другите сендвичи во белградските пекари.

Купувачите кои го пробале одушевни се од претседателскиот сендвич.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.