Претседателката на Косово Вјоса Османи, во интервју за Си-Ен-Ен побара од меѓународната заедница да воведе санкции за Белград, но не одговори на прашањето дали Приштина ќе ја формира Заедницата на општини со мнозинско српско население (ЗСО).
Во разговор со Кристијан Аманпур, Османи избегна да даде директен одговор на прашањето дали Приштина ќе ја формира ЗСО, на што инсистира меѓународната заедница, повторувајќи го тврдењето дека Косово било нападнато и дека е „жртва на агресија“.
Османи рече дека „оваа агресија не се случи ненадејно“, додавајќи дека „е испланирана и подготвена многу добро со единствена цел да се анектира северот на Косово во стилот на Крим“. Османи повеќепати изјави дека Приштина има докази што ја потврдуваат поврзаноста на Србија со настаните во Бањска.
Во врска со возачките дозволи и регистарските таблички Османи одговори: „Ги следевме советите на нашите партнери и постигнаавме компромис
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.