Полицијата се сомнева дека членови на кавачкиот клан на чело со Радоје Звицер го планирале убиството на српскиот претседател Александар Вучиќ со оружје од магацин откриен во Словачка, пишува „Ало.рс“

Оружјето било пронајдено во магацин во Братислава н Се сомнева дека таму го складирал водачот на словенечкиот огранок на кавачкиот клан, Филип Вржиќ, а потоа го продавал и прошверцувал низ Европа, со помош на српски државјанин кој тогаш бил во домашен притвор.

Минатата година, по налог на Звицер, Вржиќ наредил неколку снајперски пушки да се прошверцуваат во Холандија, Бугарија и Србија. Оружјето било шверцувано со камиони, скриено во кабини и во метални гајби.

Тој додава дека постои сомневање дека „Кавачкиот клан“ испратил снајперска пушка од Словачка во Бугарија, а од таму требало да ја земе платен убиец кој бил ангажиран за атентатот на Вучиќ во февруари годинава.Станува збор за професионалец по потекло од Чеченија кој требаше да добие хонорар од дури еден милион евра, бидејќи е убиец со искуство бидејќи поминал низ боиштата во својата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.