Хрватски „Индекс“ објави грозоморно видео од мртовечница, на кое се гледаат тела на луѓе на подот.

Како што пренесува хрватскиот весник, видеоот е старо нешто повеќе од 2 недели, а ги прикажува посмртните останки кои се наредени на подот од мртовечницата во болницата Свети Дух во Загреб.

Станува збор за најмалку седум мртви тела кои лежат на подот на Одделот за патологија на таа болница, додека најмалку четири, покриени со чаршаф, лежат на колички за болнички транспорт.

Од дирекцијата на КБЦ Свети Дух не ја демантираат снимката, но велат дека поради недоволниот број ладилници, телата на починатите мора привремено да бидат ставени во мртовечница до ослободување на ладилникот. „Индекс“ побара коментар од Министерството за здравство, од каде посочиле дека е крајно несоодветно и нехумано да се фрлаат посмртните останки во Заводот за патологија.

Оттаму, како што се наведува, ја известиле директорката на КБ Свети Дух дека е должна споменатите проблеми да ги реши во соработка со органите на институцијата и основачот, Градот Загреб, а препораките ги има и е испратен до санитарната инспекција која работи како дел од Државниот инспекторат на Република Хрватска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.