Поранешниот советник на Беџет Пацоли, Наим Мурсељи, на истражителите им признал дека тој го нарачал убиството на сопругата Љиридона Мурсеља, јавуваат приштинските медиуми. Според извештаите, Мурсељи, кој беше уапсен во петокот, на друг осомничен му дал 15.000 евра пред убиството и му ветил дека ќе му даде повеќе по извршувањето на злосторството, пренесува Репортерс.
Kосовската полиција и обвинителството претходно соопштија дека Мурсељи и уште едно лице се уапсени под сомнение дека се вмешани во убиството на Љиридона Мурсељи.
Во меѓувреме, медиумите објавија дека е уапсено трето лице под сомнение дека е вмешано во убиството и дека е член на Косовските безбедносни сили, кој е во роднинска врска со Мурсељи.
Нa уапсените им е одреден притвор до 48 часа. Приштинскa „Коха“ претходно објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека лекар по општа медицина, осомничен дека го извршил убиството, признал се во полиција и рекол дека за тоа платил Наим Мурсељи.
Основното обвинителство во Приштина потврди дека се уапсени две лица, меѓу кои и сопругот, откако случајот првично бил окарактеризиран како „разбојништво што резултирало со убиство“.
Од Обвинителството додаваат дека се извршени рации на две локации во Ѓаковица и дека е запленето оружје за кое постои сомневање дека е употребено во убиството, додава Индексонлајн.
Случајот сега се истражува како убиство и монтиран грабеж. Приштинските медиуми во четвртокот објавија дека Љиридона Мурсељи била убиена во автомобилот во кој била со своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.